За прв пат – саем на енергетска ефикасност во Битола

Share This Post

Центарот за истражување и креирање политики во соработка со Академијата за политички студии од Р. Албанија во рамки на ИПА проектот за меѓугранична соработка финансиран од ЕУ под наслов „Иницијатива за јакнење на јавниот дијалог за одржливо користење на енергијата“, успешно го организираа првиот саем на енергетска ефикасност во Битола.

Настанот се одржа од 15 – 17 мај оваа година во Центарот за култура – Битола и преставуваше завршна активност од овој заеднички проект. На саемот настапија над 35 домашни излагачи и излагачи од Р. Албанија, а свечено беше отворен од Марија Ристеска, извршен директор на ЦИКП, Eрјон Тасе од Академијата за политички студии од Р. Албанија  и Соња  Карапашовска, член на советот на општина Битола.

На овој настан се претставија компании кои работат во доменот на енергетската ефикасност и одржливото користење на енергија, а посетителите имаа можност да добијат информации за низа производи како што се сончеви колектори, софтверски решенија за рационално постапување со енергијата, апарати за домаќинство со висока енергетска класа, модерни системи за греење и ладење, дограма со високи енергетски карактеристики и сл. Исто така на саемот беа присутни и банки кои ги претсtавија своите „зелени“ кредитни линии наменети за подобрување на енергетската ефикасноcт на живеалиштата, како и невладини организации кои ги претставија спроведените проекти.       

Програмата на саемот опфати и шест панел дискусии на кои фирмите, невладините организации и банките ги претсатвија своите најдобри производи на пазарот и нивните предности кои водат кон унапредување на енергетската ефикасност.

Дополнително, беа организирани и панел дискусии на кои невладините организации го потенцираа значењето локалниот граѓански сектор да биде што повеќе ангажиран во проекти од оваа област со цел подигнување на свеста и знаењето за оваа тема помеѓу месното население. Паралелно, се одржаа и неколку детски работилници на кои најмладите преку изработка на оригами и цртежи научија повеќе околу енергетската ефикасност, рационалното користење на ресурсите и заштитата на животната средина. 

Во рамки на саемот се наградија и наjуспешните три фотографии и цртежи на темата „„Енергетска ефикасност и рационално користење на енергијата – предизвик за сите нас“. Првото место за најдобра фотографија му припадна на Кристијан Митевски од Скопје, додека пак наjуспешниот цртеж беше наслика од Марио Матевски од Битола.



   

FOR THE FIRST TIME – FAIR OF ENERGY EFFICIENCY IN BITOLA

Тhe Center for Research and Policy in cooperation with the Academy of Political Studies from  Albania, in the frames of the IPA Cross-Border Cooperation project entitled “Initiative to Enhance Public Dialogue on Sustainable Use of Energy” financed by the EU, successfully organized the first Energy Efficiency Fair in Bitola. The event was held from May 15 to 17 this year in the Center for Culture-Bitola and it was the final activity of this joint project. More than 35 exhibitors from Macedonia and Albania exhibited at the fair, which was officially opened by Mary Risteska, executive director of CRPM, Erjon Tase from APS and Sonja Karapashovska, a member of the council of the municipality of Bitola. At this event, several companies operating in the field of energy efficiency and sustainable use of energy presented their products and services, whereas the visitors were able to obtain information on a range of products such as solar collectors, software solutions for rational handling of energy, household appliances with high energy class, modern heating and cooling appliances, windows with high energy characteristics and etc. Also the fair was attended by banks that presented its “green” credit lines for improving energy efficiency in the habitats, as well as non-governmental organizations presenting their implemented projects. 

The program of the fair included six panel discussions in which businesses, NGOs and banks showed their best products on the market and their advantages that lead to the promotion of energy efficiency. In addition, CRPM organized a panel discussion in which NGOs have stressed the importance on the local civil sector to be more involved in projects in this field in order to raise awareness and knowledge of this topic among the locals. In parallel, there were several children’s workshops at which youngest by making origami and drawings learned more about energy efficiency, rational use of resources and environmental protection. Within the frames of the respective fair, the best photos and drawings on the theme “” Energy efficiency and rational use of energy – a challenge for all of us. ” were awarded. The first prize for best photography went to Kristijan Mitevski from Skopje, while the best drawing was painted by Mario Matevski Bitola.