Во средата, 26.03.2014 год, во малата конференциска сала на хотелот Холидеј Инн во Скопје се одржа третиот координативен состанок на проектните партнери во рамки на проектот „Размена на најдобри ЕУ искуства во следење на антикоруптивни практики на локално ниво“. На координативниот состанок беа опфатени неколку аспекти од методологијата за истражувањето во кое ќе бидат опфатени 43 општини од сите 8 плански региони во Македонија. На средбата, посебен акцент беше ставен на дискусијата за индикаторите на истражувањето, како една од клучните елементи на методологијата кои ја поставуаат основата за собирање и обработка на податоците, како и дефинирање на соодветни алатки за собирање на податоците. Учесниците на состанокот со своите конструктивни коментари и предлози дадоа значителен придонес кон развивањето на солидна методолошка рамка која што ќе придонесе кон квалитетот на истражувањето.
Овој проект е финансиран од Европската Унија
THIRD COORDINATIVE MEETING OF THE PROJECT PARTNERS WITHIN THE FRAMES OF THE PROJECT: “EXCHANGE OF EU BEST PRACTICES FOR MONITORING ANTICORRUPTION ON LOCAL LEVEL”
On Wednesday, 26/03/2014, in the small congress room in Holiday Inn, Skopje, the third coordination meeting between the project partners within the frames of the project: “Exchange of EU best practices in monitoring anticorruption on local level” was held. During the meeting several aspects of the research methodology were discussed. The research will assess 43 municipalities from the eight statistical regions in Macedonia. Special emphasis was put on the discussion on the indicators, as one of the key elements of the methodology, which represent groundwork for data collection and analysis, as well as for defining the appropriate toolkit for data collection. With constructive comments and suggestions during the meeting, the participants gave significant contribution towards developing sound methodological framework.