Сексуална изнуда како дело на корупција: правен и институционален одговор

Овој аналитички извештај ги прикажува наодите од спроведената компаративна анализа на постоечкото национално законодавство, меѓународната правна рамка и полуструктурираните интервјуа и фокус групи. Препораките во овој извештај се однесуваат на регулирањето на сексуалната изнуда како форма на корупција во Кривичниот законик, Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Инкриминацијата на сексуалната изнуда во националното законодавство ќе ја постави Северна Македонија меѓу ретките земји во регионот на ОБСЕ кои законски ги имаат признаено и институционално регулирано родовите форми на корупција, што ќе доведе до намалување на нивното влијание врз жените.

Author/s:

Д-р Марија Ристеска

Available in the following language versions:

  • Сексуална изнуда како дело на корупција: правен и институционален одговор
  • Sexual extortion as an act of corruption: Legal and institutional response
  • Zhvatja seksuale si formë e korrupsionit: Përgjigje juridike dhe institucionale