Оваа публикација е пилот анализа на активности од Програмата на општина Свети Николе за социјална заштита Користејќи методолошки пристап на родово одговорно буџетирање – родова анализа на буџетската ефективност, направена е споредбена анализа на родовата статистика на корисници од ставките на Програмата за социјална заштита – лица заболени од малигни заболувања 2015 година и лица корисници на поддршка за склучување на брак на лица над 40 години. Предмет на оваа анализа е практичната примена на воспоставените законски норми и институционални механизми кои ги регулираат еднаквите можности на жените и мажите и родовата рамноправност, пред сѐ на локално ниво, при справување со феноменот на семејното насилство и насилството врз жените, кој има типично родова димензија и е најчест облик на кршење на женските