Анализата дава осврт на степенот до кој избрани локални програми и буџети ги земаат предвид родовите прашања односно потребите на жените и мажите. Во спроведувањето родовата проценка на локалните политики /програми и буџети за избраната програма во општината Ѓорче Петров се оценува дали креираните и спроведени локални политики за социјална заштита ги земаат предвид потребите на жените и мажите и придонесуваат за намалување на родовата нееднаквост на локално ниво.