Овој прирачник има цел да го доближи до читателите процесот на анализа на јавни политики, типовите на анализа кои може да произлезат од согледувањето или набљудувањето на дадено политичко решение или програма, како и документите во кои може да се „спакува“ таа анализа. Дополнително прирачникот нуди знаење и за тоа како да се искомуницира и пласира во јавноста одреден документ или наод, како и начините да се влијае врз носителите на одлуки со цел нивно убедување и уверување дека е потребно воведување ново политичко решение или промена на постојното со цел унапредување на стандардот и благосостојбата на граѓаните.