Во оваа анализа се образложени влијанието на пандемијата врз пазарот на трудот и секојдневието на работниците, но и очекувањата во поглед на иднината и вршењето на работните задачи со примена на дигиталните уреди и алатки. Дополнително врз основ на глобалните трендови и наодите кои говорат дека во услови на пандемија работењето се одвивашеод дома, а концептот работа на далечина допрва ќе „пушта“ свои корени во Македонија, е образложено зошто е потребно прилагодување на правната рамка за примена на новите начини на работа и нестандардните облици на вработување.