Мали чекори, голема безбедност – Практични информации за безбедност и граѓанска заштита
Подготвеноста не започнува во моментот на кризата, туку многу порано. Информираноста, навремената реакција и основното познавање на процедурите за заштита можат значително да ги намалат ризиците при природни непогоди и други вонредни ситуации.
Брошурата „Мали чекори, голема безбедност“ нуди практични насоки за:
Подготовка за итни ситуации
Правилно постапување при природни непогоди
Препознавање на универзалните сигнали за помош
Подготовка на комплет за итни случаи
Зајакнување на културата на безбедност и отпорност во заедницата
Безбедноста е заедничка одговорност. Со навремена едукација и подготвеност, можеме да придонесеме за посигурна средина за сите. Брошурата Мали чекори, Голема безбедност е издадена во рамкте на Интеррег проектот BEALERT финансиран од Европска Унија