Општина Брвеница нема енергетски извори, a снабдувањето со електрична енергија се врши од електро-енергетскиот систем на Република Северна Македонија. Општината има потенцијал за искористување на обновливата енергија односно на соларната енергија, како извор на топлинска енергија, но и за добивање на електрична енергија.