Анализа на потребите од усогласување на Кривичниот законик со Истанбулскатa Конвенција во Северна Македонија
Оваа анализа го идентификува јазот меѓу постојната законска рамка и Истанбулската конвенција, со посебен осврт на потребата од ревизија на Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Со оглед на тоа што членот 6 на Конвенцијата ги обврзува државите потписнички да обезбедат вклучување на родовата перспектива во дизајнирањето мерки, нивната имплементација, како и евалуацијата на нивното влијание и ги обврзува да промовираат мерки и да имплементираат политики кои имаат цел да унапредат родова еднаквост и да ги зајакнат жените, оваа анализа е правена од родова перспектива во согласност со Член 6 (параграфи 61-62).