Вчера во Општина Неготино ја одржавме јавната дебата на тема„Состојбата на родово одговорното буџетирање во општина Неготино“. Јавната дебата е организирана од нашите проектни партнери Рурална Коалиција во соработка со нашите подгрантисти Ековита кои го имплементираат проектот „Рамноправни и задоволни граѓани“, а во рамки на програмата за подгрантисти на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“.
- Во програмата за локален економски развој за 2023 година Општина Неготино за прв пат има предвидено средства за едукација и јакнење на свеста кај жените и локалното население за потребата од идентификување на различните потреби кои што ги имаат мажите и жените во општината, но во исто време нивната реализација да биде рефлектирана и во буџетот на општината.
- На наше огромно задоволство програмирањето на ваквата мерка во локалниот економски развој на општината следи како резултат на соработката која што е воспоставена во рамките на проектот „Рамноправни и задоволни граѓани“ кој што го спроведува здружението Ековита како една од 17-те организации подгрантисти во проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“.
Јавните дебати се организираат во рамки на проектот “Низ Женски Леќи” кој е финансиски поддржан од Европската Унија. Ставовите и гледиштата искажани на дебатите се единствена одговорност на имплементаторите на проектот и во ниеден поглед не ги искажуваат ставовите на Европската Унија.