Почитувани посетители и посетителки на интернет страницата на Центарот за истражување и креирање политики, добредојдовте на заглавието каде ќе бидат прикачени 5 подкасти, односно разговори со пратениците и пратеничките од т.н. Зелена собраниска група.

Овие подкасти ги подготвуваме во рамките на проектот „Зајакнување на капацитетите на неслужбената Зелена собраниска група во ЈИЕ околу усогласеноста со целите на ЕУ поврзани со енергијата и транспортот“, кој е подржан од германската влада и го спроведува ЦИКП во име на Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH во рамките на Отворен регионален фонд за Југоисточна Европа  –  Енергија, транспорт и заштита на климата.

Целта со овие подкасти е да ја запознаеме јавноста со постоењето на оваа група во македонското Собрание, но и да дадеме дополнителен поттик и импулс кон истата за уште поинтензивна работа и посветеност на зелените прашања.

 

Отворен регионален фонд за Југоисточна Европа – Eнергија, транспорт и заштита на климата е нарачан од германското Федерално министерство за економска соработка и развој (BMZ) и кофинансиран од Европската унија (ЕУ). Единствената одговорност за содржината во форма на „подкасти“ е на ЦИКП. Ставовите и мислењата изразени во подкастите не мора да ги одразуваат мислењата на Федералното Министерство за економска соработка и развој, Европската Унија или GIZ.