Студиска посета на Загреб, 10-13.02.2014

Share This Post

Во периодот од 10.02.2014 до 13.02.2014 се реализира студиска посета на Загреб, една од носечките активности во рамките на проектот „Размена на најдобри практики од ЕУ во областа на следење на антикоруптивни мерки на локално ниво“.

Средба со поранешната хрватска премиерка г-ѓа Јадранка Косор

Целта на студиската посета, во која учествуаа Проектниот тим на ЦИКП, локалните истражувачи и претставници од државните институции и ЗЕЛС, беше размена на искуства со партнерот од Хрватска – невладината организација „Гонг“ во поглед на дефинирање на методологијата на истражувањето кое ќе се реализира во Македонија. На работилницата, која што беше организирана во просториите на НВО “Гонг“, беше претставена методологијата според која е спроведено истражувањето ЛОТУС (Локална Одговорна и Транспарентна Управа и Самоуправа) во Хрватска, како и предизвиците со кои истражувањето се има соочено во различни фази. Понатаму, согласно предвидената агендата, беа остварени посети на општина Самобор, која што има остварено најдобар напредок во поглед на транспарентноста и отчетноста во период помеѓу две истражувања; Комисијата за одлучување при судир на конфликти на интереси, како и со претставници на граѓанискиот сектор кои што се вклучени во активности поврзани со борба против корупцијата. Во рамки на студиската посета, исто така, беше остварена и посета на Хрватскиот парламент (Сабор) на која што беа претставени активностите што се преземаат од страна на оваа институција на национално ниво во борба против корупцијата. Домаќин на оваа средбата беше поранешната хрватска премиерка г-ѓа Јадранка Косор, во чиј мандат земјата има постигнато забележителни резултати во оваа област.

Проектниот тим на ЦИКП, заедно со локалните партнери и партнерите од државните институции ја оценија студискта посета како успешна, а стекнатите искуства ќе бидат драгоцени во поглед на дефинирањето на методологијата, како и во спроведувањето на проекните активности во рамки на ЛОТОС истражувањето во Македонија.

 

 

Овој проект е финансиран од Европската Унија

 

 


 

Study visit to Zagreb, 10.-13.02.2014

In the period between 10.02.2014 – 13.02.2014, one of the main project activities, the Study visit to Zagreb was realized. CRPM Project Team, local CSO researchers, representatives of State Institutions and ZELS represented the Macedonian delegation, which was hosted by the Croatian project partner, the NGO “Gong”.  

 

Meeting with representatives of City of Samobor

 

The objective of the study visit was exchange of experience with the Croatian partner, aiming to develop and define the methodology for the Macedonian LOTOS research which will be conducted in 26 municipalities throughout Macedonia. The study visit was comprised of a one-day workshop, during which the research LOTUS methodology and the challenges were presented.

Furthermore, the representatives from Macedonia visited the Municipality of Samobor, a city which showed best results and progress between two LOTUS research cycles; had a meeting the Commission for Resolution of Conflicts of Interest, as well as individual meetings with representative of the Association of Cities and relevant CSOs.

The final day was scheduled for a visit of the Croatian Parliament (Sabor), where activities for combating corruption at national level were presented. This meeting was hosted by the former Croatian Prime Minister, Mrs. Jadranka Kosor, during whose mandate considerable results in this area were achieved.

The project team of CRPM, together with the local CSO partners, as well as the partners from the State Institutions and ZELS assessed the study visit as successful and very useful, pointing out that the gained experience will be of great importance in developing and defining of the methodology for the research, as well as for the implementation of the project activities in general.

 

More To Explore