Development of an organic waste management in grapes and wine production in Tikves region

Развој на систем за управување со органски отпад од производство на вино во Тиквешки Регион

Центарот за истражување и креирање политики во партнерство со GIZ – Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH и Бовин Винарија, Неготино, го реализира проектот „Развој на систем за управување со органски отпад од производство на вино во Тиквешки Регион“. Проектот е во рамките на Програмата на ЦИКП за одржлив развој, подпрограма за развој на циркуларна економија. Во рамки на проектот ќе се развие модел на производство и потрошувачка кој вклучува делење, обработка, повторна употреба, поправка, обновување и рециклирање на постоечки материјали и производи на долг рок. Крајната цел на моделот на циркуларна економија е намалување на отпад на најниска стапка колку е возможно.

Целта на проектот е создавање и воспоставување на ефикасен и одржлив модел за управување со органски отпад од производство на вино вклучувајќи вински плантажи и винарии во Република С. Македонија. Кон овој проект се вклучени правни лица, винарии во Тиквешкиот Регион, локалната власт во општините Демир Капија, Кавадарци и Неготино, комуналните претпријатија, повеќе високо образовни институции и министерства, и граѓански организации и здруженија во областа на екологијата и винската индустрија.

Конкретно проектот ќе придонесе кон:

  • Воспоставување на предуслови за институционална и правна рамка за ефикасно третирање и повторна употреба на органското ѓубриво од винариите во Република Северна Македонија;
  • Значително зголемена стапка на собирање и обработка на органски отпад од производство на вино и негова примена како обработлив и употреблив ресурс, се со цел постигнување ефекти на економија на обем.

Главни активности

  • Ревидирање на правната и стратешка рамка за управување и третман на органски отпад од производство на вино и стимулирање на дијалог помеѓу различни сектори;
  • Анализа на тековни пракси за собирање, управување и третман на органски отпад од производство на вино;
  • Развој и процес на воспоставување на ефикасен и одржлив модел за третман и управување на органски отпад од производство на вино;
  • Да се пилотира развиениот бизнис модел за третман и управување на органски отпад од производство на вино во Бовин Винарија, Неготино, и негова дисеминација во дополнителни 10 винарии од регионот;
  • Да се подигне свеста кај практичарите преку верификација на одржливоста на развиениот модел.

Времетраење: од октомври, 2022 до декември, 2024

Контакт лице: Ирена Николовска | nikolovska@crpm.org.mk