Call for GRB Mentors/ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА МЕНТОР(К)И

0
191

Во рамките на проектот: „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски инициjативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“ (во оригинал: “Through gender lenses:apprasing budgets and policies; watchdogging local action plans for gender equality implementation ”), финансиран од Европската Унија преку програмата Support to Civil Society Networks and Platforms in the Republic of North Macedonia 

Буџетска линија: 5.7.2.1 Mentors

ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ

(3 ментор(к)и*12 месеци)

  1. КРАТОК ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Поттикнување на проактивноста на граѓанското општество преку зајакнување на вмрежувањето, користејќи РОБ методи за соработка со локалната самоуправа и формирање на локални политики и буџети за решавање на различните потреби на жените и мажите, особено на најранливите и маргинализираните групи во 17 целни општини (Делчево, Македонска Каменица, Пробиштип, Кавадарци, Неготино, Радовиш, Гевгелија, Струга, Вевчани, Крушево, Кривогаштани, Чаир, Шуто Оризари, Старо Нагоричане, Липково, Брвеница и Теарце). Проектот е синхронизиран и дополнително ќе ги зајакне капацитетите на постојната неформална Мрежа за родово одговорно буџетирање (МРОБ) со проширување на членството со граѓански организации (ГО) од целните општини истовремено застапувајќи ги интересите на руралните жени и мажи, сиромашни жени и мажи, жени и мажи со попреченост, маргинализираните жени и мажи (од етничка, религиозна или сексуална природа) и жени и мажи од ранливите возрасни групи (млади и постари граѓани).

  1. КОНКРЕТНИ ЗАДАЧИ

Проектот предвидува исто така и процес на менторирање за изработка на извештаи за родово-одговорно буџетирање. Целта на ваквиот процес е да се соберат податоци и информации за интересите и потребите на жените и мажите во 17-те општини кои што се вклучени во проектот, односно дали локалните програми на општините ги адресираат нивните потреби и дали за тоа има и соодветна буџетска алокациjа, односно буџет за имплементациjа на активности кои што ќе придонесат кон реализациjа на нивните потреби. Вториот сегмент од вака замислениот процес ќе треба да утврди коj се има бенефит од буџетот на општината и врз основа на тоа да се утврди дали се создава родова нееднаквост во општината или не. Третиот пак, вид на податоци кои што ќе ги содржат ваквите извештаи  е следење на трошењето на буџетските средства во општините и изработка на родово-одговорни мониторинг извештаи. Ваквите мониторинг извештаи за родово-одговорно буџетирање ќе бидат изработени низ процес на менторство, каде што ментори ќе бидат доделени на секоја од локалните граѓански организации-субгрантисти кои што ќе работат на мониторинг извештаи.

ЦРПМ ќе развие посебна методологиjа за изработка на мониторинг извештаи за родово-одговорно буџетирање во општините вклучени во проектот, а целта на ваквите извештаи е да се утврди дали има напредок во процесот на практикување и унапредување на родовата еднаковст на локално ниво, како и да се утврдат соодветни препораки врз основа на собраните податоци за унапредување на ефикасноста, ефективноста и импактот на родовата еднаквост врз креирањето на локалните политики и програми.

За ваквиот процес на изработка на мониторинг извештаи за родово-одговорно буџетирање ќе бидат ангажирани 3 ментор(к)и за период од 12 месеци.

  1. КОМПЕТЕНЦИИ
  • Завршено високо образование (пожелни се магистерски и/или докторски студии) во областа на родовите студии или други релевантни области (право, политички науки итн);
  • 5 годишно искуство во процеси на менторирање и мониторинг ќе се смета за клучна предност;
  • 3 годишно искуство во работа на полето на родова еднаквост, родово-одговорно буџетирање, како и изработка на мониторинг извештаи ќе се смета за клучна предност;
  • 1 година искуство во мониторинг на буџетите од родова перспектива и изработка на извештаи користејќи ги алатките на РОБ;
  • Добро развиени интерперсонални и вештини за работа во тим;
  • Мултикултурни вредности и способност за приспособување за работа во мулти-етничка и меѓународна средина;
  • Одлично познавање (зборување и пишување) на Англиски јазик.

III. ОПШТИ ПРАВИЛА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:

Испратете CV (биографија на апликантот) и финансиска понуда (по месец) по електронска пошта на trajanovska@crpm.org.mk  со назнака Апликација за Ментор/ка за изработка на РОБ мониторинг извештаj до 07.02.2022.

Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП  Скопје или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас.

Апликациите кои не ги исполнуваат условите од аспект на поседување на соодветно образование, работно искуство нема да бидат земени предвид. За интервју ќе бидат поканети само оние кои комисијата на ЦИКП ќе ги пред-селектира и стави на кратка листа на најдобри кандидати за позицијата.

ЦИКП е средина која нуди еднакви можности. Лицата од ранливи групи и жени се особено охрабрени да аплицираат.