Граѓаните се подготвени за Македонски Обама!

 

Граѓаните на Република Македонија се подготвени да гласаат за кандидат за претседател од различна етничка припадност.

На прашањето дали би гласале за кандидат од различна етничка припадност, 54.5% одговориле да, доколку нуди квалитетна програма, 11.9% одговориле да, ако нема друг избор, не по никоја цена одговориле 32%, и не знам 1.5%. Пофлексибилни за ова прашање се етничките Албанци. Кај нив 68% одговориле да доколку нуди квалитетна програма, само ако нема друг избор 8.9%, и не по никоја цена 21.5%, додека кај Македонците 50%, само ако нема друг избор 13%, и не по никоја цена 36%.

Од имињата на потенцијалните кандидати за претседател кои беа спомнати во јавноста во изминатиов период, најмногу граѓани би го гласале за претседател Срѓан Керим (27.2%), Али Ахмети 9.3%, Бранко Црвенковски 8.3%, Зоран Ставревски 6.7%, Имер Селмани 6.6%, Љубе Бошковски 5.9%, итн. Четвртина од граѓаните одговориле со не знам.

Кај Македонците најмногу, 34.3% би го гласале Срѓан Керим за претседател, Бранко Црвенковски 9.8%, и Зоран Ставревски 8.9% (Не знам 29.3%). Кај Албанците најмногу, 39.4% би гласале за Али Ахмети, Имер Селмани 27.6%, Мендух Тачи 8.9%, (Не знам 14.6%).

Две третини (66%) од граѓание како политичари имаат позитивно мислење за Срѓан Керим, а негативно 13%, за Али Ахмети 18%, а негативно 70%, за Бранко Црвенковски 34.5% позитивно и негативно 34%, Зоран Ставревски 54.3% позитивно и 20% негативно, Имер Селмани 31.3% позитивно и 34% негативно, Љубе Бошковски 37% позитивно и негативно 28%. Ова се дел од резултатите од анкетата која Центарот за Истражување и Креирање Политики од Скопје ја спроведе 5-7 декември 2008 година на примерок од 1100 испитаници и маргинална грешка од +/-3 проценти.

На прашањето доколку утре би се одржале претседателски избори за која партија би гласале, 34.4% одговориле за ВМРО-ДПМНЕ, 8.9% за ДУИ, 7.1% за СДСМ, Нова Демократија/Demokracia e Re (на Имер Селмани) 6.3%, ДПА 2.3%, ЛДП 2%, никој од овие 22.6%, Не знам 12.7%, и Други 3.7.%

За повеќе информации и детали од анкетата обратете се во –Центарот за Истражување и Креирање Политики на тел: +389 3 216 646 -Др. Жидас Даскаловски на +389 70 231 949 (претседател на CRPM) -Дритон Небиу +389 70 583 920 (координатор за анкетирање во CRPM)

www.crpm.org.mk || crpm@crpm.org.mk