Школата се фокусира кон креирање политики за градење мултикултурно општество, насочена кон успешно спроведување на програмите на Европската Унија и Советот на Европа на семинарот кој се одржа на 18-20 септември, во Скопје, хотел Континентал работевме на разбирање јавните политики. Предаваа Проф. Жидас Даскаловски, Агон Ферати, министер за односи меѓу заедниците, д-р. Олег Солдатов, раководител на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, д-р. Марија Ристеска, директорка на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), Борјан Трајкоски, менаџер за пазарни сознанија во Пивара Скопје, д-р. Кирил Миноски, поранешен министер за финансии и Ивана Петрискова менаџер во ЦИКП.





