Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) објавува Јавен повик за пријавување за учество во Школата за жени лидерки во праведната транзиција. Школата е дел од иницијатива насочена кон јакнење на улогата на жените во процесите на праведна енергетска транзиција и локалниот развој во регионите погодени од трансформацијата на индустријата за јаглен.
Повикот се објавува во рамки на проектот Women-Led Coal Transitions (WOLCOT), поддржан од Climate Investment Funds (CIF), кој го имплементира CRPM Consulting во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
Кој може да се пријави?
Право на пријавување имаат:
- Жени на возраст од 20 до 60 години;
- Активистки од граѓански организации;
- Претприемачки и жени кои сакаат да започнат сопствен бизнис;
- Жени вработени во јавниот сектор и единиците на локалната самоуправа;
- Наставнички, едукаторки и лидерки во заедницата;
- Студентки и млади професионалки;
- Жени кои сакаат активно да придонесат за развојот на својата заедница.
Што нуди Школата?
Учесничките ќе имаат можност да:
- Стекнат знаења за креирање политики во областа на праведната транзиција;
- Се запознаат со теми поврзани со климатските промени, енергетската транзиција и зелената економија;
- Ги развијат своите лидерски и преговарачки вештини;
- Стекнат знаења и практични вештини за јавно застапување и ефективна комуникација;
- Се поврзат со искусни ментори и експерти;
- Вмрежат на локално, национално, регионално и глобално ниво со жени лидерки кои работат во областа на праведната транзиција;
- Развијат сопствени иницијативи за локален развој и да добијат менторска поддршка за нивно активно вклучување во процесите на донесување одлуки;
- Учесничките кои успешно ќе ги подготват и поднесат своите иницијативи ќе имаат можност да учествуваат на Светскиот форум за демократија на Советот на Европа во 2027 година.
Не е потребно претходно искуство.
Времетраење
Програмата ќе се реализира во периодот од септември 2026 до ноември 2027 година и ќе опфати:
- Интерактивни обуки;
- Практични работилници;
- Менторска програма;
- Вмрежување со национални и меѓународни експерти;
- Изработка и презентација на завршен лидерски проект
Трошоци
Цената за учество во програмата изнесува 24.000 денари.
За жени од општините Битола, Новаци, Могила и Кичево се обезбедени стипендии од страна на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), со кои целосно се покрива котизацијата за учество.
Трошоците за организација на обуките, работните материјали и освежувањето ги покрива организаторот.
Начин на пријавување
Заинтересираните кандидатки треба да ги достават следните документи на електронската адреса petriskova@crpm.org.mk:
- Кратка биографија (CV);
- Мотивациско писмо.
Краен рок за пријавување: 31 август 2026 година.
