Недостаток на обука и свест за заштита од пожари: Скриена опасност за животот!

Share This Post

Недостатокот на обуки и свест за заштита од пожари претставува значителна закана за безбедноста на поединците и заедницата во целина. Оваа состојба укажува на потребата од итни мерки за едукација и обука на граѓаните, особено во институции како училиштата, каде што безбедноста на децата е од највисок приоритет. Зголемувањето на свеста и знаењето за заштита од пожари е клучно за превенција на несакани инциденти и заштита на човечките животи.

Анализа:“Вклученост на родовата перспектива во планирање и управување со итни и кризни ситуации во општина Кочани” изработена со финансиска поддршка од Австриската развојна агенција(АДА) и Шведската агенција за меѓународен развој (СИДА) во рамките во рамките на проектот Мрежата за родово одговорно буџетирање 2, во чии е рамки е подржан проектот „Вклученост на родовата перспектива во планирање и управување со итни и кризни ситуации на локално ниво“ ги покажува следните наоди:

Значење, обуки за користење на ППА и користење на ППА во училиштата

На прашањето „Дали сте запознати какви видови на противпожарни апарати постојат?“, потврдно одговориле 14, или 43,75% од испитаниците, додека пак 18 испитаници или  56,25% одговориле дека не се запознати каков вид на противпожарни апарати постојат.

 

Само 4 испитаници или 12,5% имаат одговорено дека поминале обука за користење на ППА (по 2 од ОУ Раде Кратовче и ОУ Св.Кирил и Методиј), а 87,5%  од испитаниците одговориле дека немаат поминато обука за користење противпожарни апарати.

На прашањето „дали знаете да користите ППА?“ карактеристично е да се подвлече дека скоро за 20% повеќе испитаници одговориле дека знаат како да користат ППА, иако не поминале обука за користење на истите. Само 44% од испитаниците одговориле дека се чувствуваат сигурни истиот да го користат, а како причини ги навеле: страв, недоволна сигурност, недоволно познавање на тоа како функционира апаратот, подолго време поминато од последната обука и сл.

Оние испитаници што одговориле дека не знаат да ракуваат со ППА, на прашањето дали се запознати кој во училиштето знае да ракува со ППА, 50% одговориле дека не знаат, што во ризик од пожар во училиштето може дополнително да ја загрози состојбата затоа што лицата кои не знаат да управуват со ППА не се запознати кој може да го направи тоа и кого треба да контактираат, што потенцијално може да влијае врз дополнително загрозување на безбедноста на луѓето во објектот и имотот.  Од испитаниците кои одговориле дека биле во ситуација да користат ППА, тоа било на симулациска вежба, при презентирање на мерки при безбедност и заштита при работа. Само еден од одговорите беше дека лицето било во состојба да користи ППА при реална ситуација на пожар односно запалено ќумбе во училница.

На прашањето „ Дали сте запознати какви видови на пожари постојат?“, потврдно одговориле 43,8% од испитаниците.

Ако се погледнат одговорите на двете прашања претставени во претходните два графикона, може да се види дека значителен процент од испитаниицте одговориле со „не“ или “не знам“ односно имаат одговрено дека немаат направено таков вид на анализа или пак не се запознати дека има направено таков вид на анализа на ниво на училиште. Ова покажува дека не сите вработени се соодветно и целосно информирани за мерките и активностите кои ги презема училиштето како установа за превенирање и заштита од пожар во училишниот објект и како треба да се постапува во таков случај.

Од резултатите на истражувањето може да се изведат неколку заклучоци:

  • Ниско ниво на информираност и учество: Голем процент од испитаниците изјавуваат дека не се запознаени дали противпожарните апарати се поставени на соодветни места, дали има доволен број апарати, како и кој е одговорен за нивното сервисирање.
  • Недоволна вклученост во противпожарната подготовка: Речиси сите испитаници (околу 90%) не учествувале во идентификување на критичните зони каде што е можно да настане пожар, ниту во утврдување на типот на пожар кој би можел да биде најзастапен. Ова укажува на потребата за нивно поголемо вклучување во овие значајни аспекти на заштита.
  • Недостиг на обука и вежби: Само мал број родители/старатели имаат учествувано во симулациски вежби за евакуација при пожар. Дополнително, поголем дел од испитаниците не се сигурни дали наставниот и техничкиот персонал или учениците имаат поминато обука за противпожарна заштита. Ова укажува на потребата за редовни обуки и вежби за подигнување на подготвеноста.
  • Слаба информираност за плановите за кризи: Ограничен број испитаници знаат дали училиштето има формален план за заштита и спасување, или дали постои систем за алармирање на родителите/старателите во случаи на пожар. Слично на тоа, многумина не се информирани за постоење на кризен план на ниво на општината и за тоа дали училиштето има координативно тело за справување со итни ситуации.
  • 88% од испитаниците не поминале обука за користење на противпожарни апарати, што создава потенцијални ризици во случај на итни ситуации.
  • Значителен дел од испитаниците не знаат кој е одговорен за сервисирање на апаратите и ова може да доведе до ситуација каде што апаратите не се редовно проверувани и одржувани, што го зголемува ризикот од неисправност во случај на пожар.
  • Оваа неинформираност може да има сериозни последици во итни ситуации, каде што брзото и организирано дејствување е клучно.
  • Иако 59% од испитаниците учествувале во симулациски вежби, потребно е да се зголеми учеството на сите вработени и да се осигура дека вежбите се вршат редовно и се обновуваат со нови практики и процедури.
  • Значителниот број на испитаници кои не знаат за постоењето на координативни тела за итни ситуации укажува на недостаток на комуникација и координација меѓу вработените и управата. Обезбедувањето на јасна структура и улоги за управување со итни ситуации ќе помогне во подобрување на ефективноста на реакцијата.

Содржината на оваа анализа е исклучиво одговорност на Здружението за социјални иновации и одржлив развој РАДАР и не мора да ги споделува или одразува ставовите и толкувањата на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), Австриската агенција за развој и Шведската агенција за меѓународен развој

More To Explore