Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП во рамки на проектот: „Затварање на родовиот јаз: Градење финансиска писменост кај девојчињата“ кој се спроведува со помош на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување кој е поддржан од Британска амбасада Скопје во рамки на проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово инклузивни политики“, објавува повик за ангажирање на:
ЕКСПЕРТ/КА и ОБУЧУВАЧ/КА
Во рамки на проектот „Затварање на родовиот јаз: Градење финансиска писменост кај девојчињата“ потребно ќе биде експертот/експертката да:
- Развие 6 модули за финансиска писменост и да ги адаптира модулите во едукативни работилници за млади;
- Изработи детален план за тренингот за тренери (ТоТ);
- Реализира интерактивна менторска програма за млади врснички едукатори;
- Подготвни и достави извештај за спроведената обука.
Испратете CV (биографија на апликантот) и финансиска понуда по работен ден по електронска пошта на zmijanac@crpm.org.mk и на crpm@crpm.org.mk со назнака „Апликација за експерт/ка и обучувач/ка“. Крајниот рок за пријавување е наjдоцна до 17:00 часот, 27.12.2024 година.
Сите дополнителни информации можете да ги најдете во следниот документ.