Прирачник за млади: Иновативни пристапи кон спречување Родово базирано насилство и унапредување на здрав начин на живот кај момчињата и кај девојчињата

Прирачник за обука на едукатори и младински работници Прирачникот за едукатори во средни училишта и за младински работници е алатка што беше подготвена од Иницијативата за момчиња од страна на CARE International Balkans и неговите партнери за соработка од земјите од Западен Балкан, што се фокусира врз решавање на родовата нееднаквост, на практиките штетни за здравјето и на насилството во секојдневниот живот на момчињата и девојчињата на возраст од 14 до 19 години, во училиштата и во заедницата. Програмата за млади е прирачник за обука чија цел е да ја унапреди родовата еднаквост и здравиот начин на живот кај момчињата и кај девојчињата, како стратегија за градење важни животни вештини при нивното израснување во возрасни луѓе.

Author/s:

CARE International Balkans

Available in the following language versions:

  • МКД - Прирачник за млади: Иновативни пристапи кон спречување Родово базирано насилство и унапредување на здрав начин на живот кај момчињата и кај девојчињата