Се приклучуваме кон глобалната кампања 16 дена активизам против родово-базирано насилство под слоганот „Инвестираме во младите да превенираме родово-базирано насилство“ во поддршка на глобалниот слоган „Invest to Prevent Violence Against Women&Girls“.
Младите луѓе сочинуваат 17.8% од населението на Република Северна Македонија, но евидентен е недостатокот од нивна едукација за препознавање, спречување и пријавување на родово засновано насилство на национално ниво, особено во помалите општини. Кампањата ќе опфати едукативни и информативни активности за препознавање на различните форми на родово-базирано насилство кај младите. Преку инфографици споделени на социјалните мрежи и информативни работилници на тема „Родово-базирано и врсничко насилство кај младите: онлајн и офлајн“ во општините Кавадарци, Гостивар, Кичево, Македонски Брод и Пробиштип, инвестираме во знаењето на младите со цел да превенираме родово-базирано насилство.
Кампањата е организирана во рамки на проектот „Низ женски леќи“ финансиски поддржан од Европската Унија и проектот „Градење на здрави животни навики на младите луѓе“ финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Северна Македонија.