On September 28, at the regular session of the Council of the Municipality held in the premises of Krushevo, the brief of the conclusions from the Center for Human Relations Krushevo, along with the budget created for the initiatives by the Roma Women and Youth Association “LULUDI”, was presented in addition to the scheduled activities.
During the meeting, we had the opportunity to elucidate the specific needs of men and women in the municipality of Krushevo, outlining the needs and priorities of the citizens of the city. This presentation was based on the prepared report titled “Gender Analysis of Budget Programs and the Action Plan for Gender Equality in the Municipality of Krushevo for 2022.”
In accordance with the proposed initiatives within the municipality of Krushevo, and following a cost analysis of initiatives directly related to the budget, the following proposals and initiatives were put forth:
- Initiate the management, archiving, and publication of gender-disaggregated statistics, to be presented at a session of the Council of the Municipality of Krushevo.
- Revise the action plan for 2023 with precisely defined goals, measures, and activities aimed at promoting and applying the gender concept, and overcoming existing prejudices towards different sexes, as well as other intersectional characteristics like disability, ethnicity, settlement, etc.
- Develop a plan and allocate financial resources for the continuous improvement of the capacities of KEM, focusing on relevant and modern knowledge and facts about human rights and gender equality.
- Introduce a gender-sensitive and inclusive regulation for financing sports associations and individual athletes.
- Undertake activities to hire educational assistants for children with disabilities.
- Provide a hot meal for students in a primary school.
The “Through Gender Lenses” project is financed by the European Union and is being implemented by the Center for Research and Policy Making in cooperation with the Rural Coalition, Roma Women and Youth Association “LULUDI”, Journalists for Human Rights, and Educational Humanitarian Organization – Echo.
–
На 28 септември, во просториите на Општина Крушево на редовната седница на Советот на општината, покрај нивниот распоред на активности беше презентиран брифот од заклучоците Центар за Хумани Односи Крушево и презентиран креираниот буџет на дадените иницијативи од страна на РАЖМ „Лулуди“.
На средбата имавме можност пред преставниците на општинскиот Совет да им ги презентираме кои се специфичните потребите на мажите и жените во општина Крушево, кои се потребите и приоритетите на граѓаните на град Крушево како резултат добиен од подготвениот извештај „Родова анализа на буџетските програми и акцискиот план за родова еднаквост во општина Крушево за 2022 година“.
Согласно предложените иницијативи во општина Крушево од направена анализа на трошоци на иницијативите кои имаат некакво влијание врз буџетот односно кои се директно поврзани со некој трошок, дадени се предлози и иницијативи:
▪ Да се отпочне со водење, архивирање и публикација на родово разделна статистика и истата да се презентира на седница на Совет на општина Крушево.
▪ Ревидирање на акцискиот план за 2023 година со точно дефинирани цели, мерки и активности кои би воделе кон промовирање и примена на родовиот концепт, и надминување на постоечките предрасуди кон различните полови, како и останатите инстерсекциски карактериски кои ги имаат самите лица, како попреченост, етничкаприпадност, населено место итн.
▪ Општината да изготви план и да одвои финансиски средства за континуирано подобрување на капацитетите на КЕМ, во делот на релевантни и современи знаења и факти за човековите права и родовата еднаквост
▪ Воведување родово сензитивен иинклузивен правилник за финансирање на спортските здруженија и индивидуални спортисти.
▪ Преземање активности за ангажирање образовни асистенти за деца со попреченост.
▪ Обезбедување топол оброк за учениците во основно училиште.
Проектот “Низ женски леќи” е финансиран од Европската унија, а го спроведуваат Центарот за истражување и креирање политики во соработка со Рурална Коалиција, РАЖМ Лулуди, Новинари за човекови права и Едукативно хуманитарна организација – Ехо.