Работилница за подготовка на РОБ извештаи во рамки на проектот „Низ женски леќи“

Share This Post

Во рамки на проектот „Низ женски леќи“ во март минатата година потпишавме 17 договори со локални граѓански организации кои добија подгрантови за изработка на мониторинг извештаи во 17 општини користејќи ги алатките на родово одговорното буџетирање.

Оваа недела одржавме финална работилница за подготовка на РОБ извештаите на која нашата експертка за родово одговорно буџетирање д-р Марија Ристеска ги насочи, подготви и ги зајакна капацитетите на 24 претставници од локалните подгрантисти за изработката на извештаите.

Во месец април очекуваме 17 РОБ мониторинг извештаи кои ќе содржат родово анализа на буџетот и политиките, анализа на трошоците, родово буџетска анализа на корисниците и проценка на влијанието на буџетот.

 

More To Explore