Јавната дебата на тема „Жените се дел од општината, колку нивните потреби се вклучени во локалните политики?“

Share This Post

Вчера во општина Пробиштип ја одржавме јавната дебата на тема „Жените се дел од општината, колку нивните потреби се вклучени во локалните политики?“. Јавната дебата е организирана од нашите проектни партнери Рурална Коалиција во соработка со нашите подгрантисти Организација на жените на општина Свети Николе која го имплементира проектот „Родова перспектива на потребите, политиките и буџетот на општина Пробиштип“, а во рамки на програмата за подгрантисти на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“.

  • Мотивацијата и излезот надвор од комфорната зона на која што сите сме навикнати да живееме во локалната заедница се главниот клуч како да дојдеме до создавање на родово одговорни локални политики кои што ќе имаат и сопствен буџет за реализација!
  • Младите веќе започнуваат да ги менуваат своите сфаќања, да ги тргнат предрасудите и родовата дискриминација, но за тоа треба да имаат поддршка и од институциите на системот, но и од образовниот процес, а воедно и од своите родители, советниците, општината
  • 88% од жените во Општина Пробиштип не се вклучени во процесите на донесување на одлуки, а повеќе од половината од нив и немаат информација како да се вклучат, што пак само води до заклучокот дека едукацијата, практичната работа на заеднички иницијативи во кои што ќе бидат вклучени сите локални чинители се главните чекори кои што треба да ги изодиме за да дојдеме до родово одговорно буџетирање и родово сензитивни локални политики!

Јавните дебати се организираат во рамки на проектот “Низ Женски Леќи” кој е финансиски поддржан од Европската Унија. Ставовите и гледиштата искажани на дебатите се единствена одговорност на имплементаторите на проектот и во ниеден поглед не ги искажуваат ставовите на Европската Унија.

More To Explore