Центарот за истражување и креирање политики во рамки на проектот „Мрежа за родово одговорно буџетирање во Западен Балкан и Република Молдавија“ објавува повик за ангажирање проектен асистент/ка.
Заинтересираните кандидат(к)и треба да ги исполнуваат следниве услови:
- Универзитетска диплома, магистер на науки во областа на родови студии, социјална работа, психологија, јавна политика, политички науки, економија, бизнис или менаџмент;
- Најмалку 3 години искуство во работа на проекти,
- Солидно познавање на сите аспекти при планирање и спроведување на проектен циклус;
- Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office, познавање на СПСС или СТАТА ќе се смета за предност;
- Познавање и родово одговорно буџетирање и јавни политики како дисциплина.
Испратете биографија на crpm@crpm.org.mk со наслов “Пријава за проектен менаџер” најдоцна до 04/11/2020.