Подобрување на конкурентноста на регионот преку усогласување на инвестициските политики на 6те економии од Западен Балкан со европските стандарди и најдобрите меѓународни практики, зајакнување на јавно-приватниот дијалог и вклучување на сите релевантни чинители во процесот на креирање политики се дел од заклучоците донесени на првиот форум за Регионалната инвестициска агенда за Западен Балкан.
Горан Свилановиќ, генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка истакна дека успешното спроведување на РИРА е можност за Западен Балкан да го забрза својот евроинтеграциски процес. “Потребен е интегриран пристап кон инвеститорите. Ако делуваме како единствен пазар, ќе имаме поголеми шанси да привлечеме големи и сериозни инвеститори“, рече г. Свилановиќ.
Марија Ристеска, извршна дирекорка на Центарот за истражување и креирање политики нагласи дека потребна е поголема отвореност на процесот на креирање инвестициски политики и дека треба да се зајакне соработката меѓу сите чинители во процесот, со цел да се создадат подобри инвестициски политики на национално и регионално ниво што ќе генерираат придобивки и вредност за граѓаните и комапниите.
Зоран Шапуриќ, министер задолжен за подобрување на инвестициската клима се осврна на домашните реформи за дефинирање еднаков поттик за домашните и странските компании во контекст на регионалните напори да се стимулира поврзувањето на домашните со странските компании.
Професорот Ванчо Узунов, кој е советник на претстедателот на македонската Влада изјави дека треба да се размислува на долг рок, бидејќи сегашниот начин на привлекување инвеститори нема иднина и додаде дека инвеститорите се присутни сè додека државата ги стимулира финансиски.
Претседателката на Сојуз на стопански комори, Данела Арсовска, истакна дека Сојузот е активно вклучен во процесите на спроведување структурни реформи во земјата и дека РИРА би требало во догледна иднина да даде конкретни економски резултати.
Форумот беше организиран од страна на Центарот за истражување и креирање политики во соработка со Сојузот на стопански комори во рамки на регионалниот проект за РИРА „Поттикнување на дијалог меѓу Владата и граѓанското општество“ кој се имплементира во 6те економии на ЗБ со поддршка на Регионалниот совет за соработа (RCC). На крајот на форумот беше усвоена Декларација од страна на претставниците на граѓанските организации и бизнис заедницата која е достапна на следниот линк.
Policy forum on the Western Balkan Regional Investment Reform Agenda
Improving the competitiveness of the region by harmonizing the investment policies of the economies of the six Western Balkan countries with EU standards and best international practices, strengthening public-private dialogue, and involving all relevant factors in the decision-making process are part of the conclusions of the first policy forum on the Regional Investment Reform Agenda (RIRA) for the Western Balkans.
Goran Svilanovic, Secretary General of the Regional Co-operation Council (RCC) stressed that the successful implementation of the RIR Agenda is a chance for the Western Balkans to be accelerate their EU integration process. “An integrated approach to investors is needed. Acting as a single market, the opportunities for attracting large and serious investors are greater,“ said Mr. Svilanovic
Marija Risteska, Executive Director of the Center for Research and Policy Making, emphasized that greater openness is needed of the investment policy-making process and cooperation between all parties in the process should be enhanced in order to create better investment policies on the national and regional level that will create benefits and value for the citizens and the businesses.
At the end of the forum, a Declaration was adopted by the representatives of the civil society organizations and business community that can be found at the following link.