И покрај големиот број програми за подршка, може да се каже дека социјалното претприемништво во Македонија е сè уште во фаза на зародиш. Социјалните претпријатија имаат голем потенцијал за развој, но главните пречки се недостиг на свесност за придобивките од социјалното претпиемништво (СП) за општеството од страна на владата и граѓанските организации, како и ниското ниво на претприемнички вештини и начини на размислување  меѓу граѓанските организации, коешто претставува основен двигател на социјалните претпријатија во многу земји.

Затоа ЦИКП ја основа Smart Start школата. Во рамките на Smart Start школата граѓанските организации извршуваат онлајн самооценување (online self-assessment) која им помога да ги оценат способностите на својата организација врз основа на групата избрани фактори кои влијаат врз нивните особености. Ова се одвива во целосна доверливост, а по завршувањето на  алатката за оценување наречена Оценување на капацитетите за организациско претприемништво (ОКОП), граѓанските организации добиваат краток извештај преку е-мeил.

Резултатите ќе им овозможат краток преглед за тоа каде се наоѓа организацијата во моментот и ќе им помогнат да востановат на кои области би било најкорисно/најитно да го задржат својот фокус. Освен тоа, самопроценката во областа на претприемничките способности ќе им овозможи на граѓанските организации да почнат да размислуваат за новите предизвици и новите вештини во постојано променливата работна средина.

Понатаму, Smart Start школата нуди капацитети за градење социјално претприемништво опфаќајќи шест модули: вовед во социјалното претприемништво; бизнис планирање; маркетинг, брендирање и соопштување на бизнис идејата на клиентите. Обуката трае 6 месеци (по еден модул месечно).

 

 

Модул 1  Модул 2 Модул 3 Модул 4 Модул 5 Модул 6
Вовед во социјално претприемништво
Бизнис планирање
Маркетинг Дизајн размислување Брендирање

Финализирање

на бизнис планови

Политички, правни модели на СП Структура на бизнис план Истражување на пазар Решавање проблем Бренд Соопштување на бизнис идеја
Финансиски модели на СП Вредност на исказот Цените на производите Визуализација,мапирање и раскажување приказни
Методи на продажба
Поставување бизнис идеја

Instructors and coaches

Модул 1– Проф.д-р Марија Ристеска

Марија Ристеска е доктор по политички науки. Таа е  основач и извршен директор на Центарот за истражување и креирање политики. Нејзината истражувачка дејност е во областа на реформите во јавната администрација, јавното управување, доброто управување, политичкиот трансфер и европската интеграција. Таа предавала политички науки на ФОН универзитетот и на Њујорк колеџот во Скопје. Ристеска има придонес во реформите во рамките на четири јавни сектори во Македонија за развој на јавните политики, стратешко планирање и подобра регулатива. Проф.д-р Ристеска е член на групата за развој на политики за Законот за претприемништво.


Модул 2– Ристе Јуруковски

Ристе Јуруковски е магистер по бизнис администрација. Автор е на повеќе бизнис планови и физибилити студии во Република Македонија и странство. Исто така учествувал како менаџмент консултант и како дел од консултантски тимови на проекти oд поширокиот регион. Во моментов работи во една од компаниите – гринфилд инвестиција, за која е автор на бизнис планот, како директор за развој и извоз.


Модул 3– Др. Игор Андреев

Игор Андреев, доктор на економски науки, експерт за иновативен маркетинг, стратегиски менаџмент и истражувања на задоволството на клиентите со огромно искуство во овие области, стекнато со реализација на преку 15 истражувачки проекти, обучено над 1000 луѓе и изработено повеќе стратегиски документи за разни институции. Покрај испораката на голем број обуки за започнување сопствен бизнис, Д-р Андреев е еден од креаторите на повеќе иновативни и успешни иновативни проекти во областа на социјалното претприемништвото, меѓу кои: “Најуспешните студенти учат од најуспешните претприемачи”, Заедно со најуспешните студенти за локален екoномски развој на Скопје”, STUBRAND Macedonia и др.


Модул 4 – Софија Богева

Софија е магистер по Менаџмент на иновации има повеќе од 6 години работно искуство како менаџмент консултант во приватен и јавен сектор. Моментално работи како консултант за иновации на проект на УНДП за воспоставување на Центар за иновации во Град Скопје а воедно ја има и улогата на координатор на Регионалниот Центар за Социјални иновации во Скопје.

 


Модул 5 – Др. Љупка Наумовска

Љупка Наумовска е експерт, професор и претприемач. Нејзиниот експертски и бизнис фокус е ориентиран кон маркетинг комуникациите, попрецизно кон Односи со Јавност, Бренд менаџмент, Интегрирани Маркетинг Комуникации и интерен маркетинг. Таа е основач и директор на Ханибиз – агенција за Маркетинг и ПР комуникации каде активно води проекти и кампањи за домашни и странски клиенти од повеќе индустриски области.

 

 


Moдул 6 -Златко Симоновски

Златко Симоновски е дипломиран новинар. Поседува и две магистерски дипломи: по медиумите и комуникациите (Св. Кирил и Методиј – Скопје) и по Човековите права и демократијата во Југоисточна Европа (Универзитет при Болоња и Сараево). Исто така има тригодишно работно искуство како новинар кој ги опфаќал дневните настани главно од доменот на труд, економија и социјална заштита. Од мај 2013 година, станува дел од Центарот за истражување и креирање политики со тројно задолжение – програмски координатор на Школата за јавни политики “Мајка Тереза”, координатор на проекти и истражувач за прашања поврзани со енергетска ефикасност, климатски промени и социјално претприемништвото. Во последните три години добива вредно меѓународно искуство за време на работниот престој во невладини во Обединетото Кралство и САД. Симоновски работеше и како n.f. асистент при New School University  во Њујорк во одделот за општествени истражувања.