Вечерите на женски права 2017 се во тек!
Досега се одржаа две работилници за јога,работилница за фотографија, работилница за раскажување, работилница за стрип и работилница за страв од породување. Едночасовната работилница за јога за возрасните, организирана од Центарот заинтегрална јога „Дарма“, ги таргетираше физичките и психичките потешкотиите со кои сесоочува современата жена. На оваа работилница, се приклучи и Фросина Пандурска – Драмиќанин, со 30 минутна работилница за јога за смеење. Резултатите од оваа работилница се релаксација, антистрес, енергизирање и забава.
Работилниците за сценарио и раскажување со Ева Камчевска, за стрип со Давор Драмиќанин и Здравко Гиров и фотографија со Татјана Ранташа ја разбудија креативната страна кај најмладите посетители. Поттикнати од обучувачите, најмладите изработија креативни, инспиративни и откачени медиумски содржини, кои се изложени во Младински културен центар.
Работилница за страв од породување со Женски центар „Астарта“ им помогна на идните родители како да го надминат стравот од породувањето преку современите сознанија за односот на жената кон породувањето, но и односот на современата медицина кон породувањето.
Настанот Вечери на женски права нуди алтернатива во прославувањето на Меѓународниот ден на жената – 8-ми март. Овогодинешното осмо издание се одржува од 3-ти до 9-ти март во Младинскиот Културен Центар – Скопје. Годинава, преку уметност, филм и музика ќе се поттикнат мажите и жените да размисуваат критички за родовата (не)еднаквст и да оддадат почит на досегашните достигнувања.
Целата програма погледнете ја на следниов линк: