Ако за развиените европски земји сивата економија се гледа во работата на бебиситерките, соседската помош или слични работи преку кои граѓаните се обидуваат да избегнат плаќање данок, во Македонија и земјите од југоисточна Европа сивата економија вирее во главните економски дејности – градежништво, угостителство, транспорт, текстилна индустрија, занаетчиство, зелените пазари, се доживува како нормална појава, вработува голем број луѓе и опфаќа висок процент од домашниот бруто производ (БДП).
Ова покрај другото беше посочено на денешната работилница „Зајакнување на медиумското известување за скриената економија и корупцијата: најнови трендови и европски искуства“ организирана од Центарот за истражување и креирање политики…