Отворена влада мониторинг извештај

Share This Post

Партнерство за отворена влада

МАКЕДОНИЈА

 

Клучниот концепт на  иницијатива е да ги подобри сите аспекти на отчетност преку поголема отвореност во работењето на јавниот сектор. Политичката, административната, фискалната и социјалната отчетност на владите многу зависи од податоците и информациите достапни во различни области на управувањето и обезбедувањето услуги. Имено, фокусот врз отворени податоци ја прави иницијатива ПОВ доста различна во споредба со oстанатите програми. Сепак, не се работи само за транспарентност, бидејќи институционалните и процедуралните услови за отчетност се исто така составен дел од оваа иницијатива.

Целта на проектот “Застапување и мониторинг на акциони планови на земјата за отворена влада: Правото да знаете во Југоисточна Европа” е да се исполнат некои критериуми на отвореност во области од највисоко значење преку постепено спроведување на активности. Не постои идеален статус на отвореност, но отчетноста на владата може да се зголеми преку следниве чекори:  

 

(i) мапирањето разни прашања поврзани со отворената влада може да биде од голема помош

(ii) идентификување на обврските и определување активности. Ако тие веќе се вклучени во владината стратегија Партнерство за отворена влада (понатаму ПОВ), тогаш   

(iii) граѓанските организации треба да извршат мониторинг. Но ако недостасуваат обврските, тогаш  

(iv) треба да бидат одредени цели на застапување како и програми кои би се воспоставиле.

 

Во текот на првото основно истражување за довербата во Владата, Центарот за истражување и креирање политики како локален партнер на инцијативата ги мереше перцепциите на граѓаните во врска со отворена влада. Овој документ ги презентира резултатите од мониторингот за довербата во Владата. Тој се заснова на репрезентативна анкета на 1584 испитаници кои беа анкетирани во периодот од 8 – 13 Февруари 2014. Истражувањето беше направено пред почетокот на сите политички активности поврзани со претстојните претседателски избори со цел да се добијат политички непристрасни резултати.

Делот од анкетата за отворена влада 2014 кој го мери напредокот на перцепциите на граѓаните во областа на отворена влада: транспарентност, отчетност, ефикасно доставување на јавни услуги, ефикасно управување со јавните финансии и отворени податоци, ќе бидат спроведени и објавени во Април-Мај 2014 година. 

 

Истражување за довербата во владата

ДОВЕРБА ВО ВЛАДАТА

 

1. Доверба во институциите

Истражувањето на јавното мислење спроведено во процесот на подготовка на овој мониторинг извештај покажа дека довербата на граѓаните во институциите е главно подобрена, споредено со истиот период минатата година. Претседателот е институцијата во која 54% од граѓаните имаат доверба или висока доверба. Имено, резултатите од 2014 година покажуваат зголемување на довербата во Претседателот, споредено со 43,9% доверба, забележано во текот на истражувањето во април 2013 година. Истото може да се забележи и за Владата, при што 35,2% од испитаниците имале висока  доверба или во најголем дел и верувале на Владата во 2013 година, додека 47% се одлучиле за овие опции во истражувањето од 2014.

Судството останува да биде институција со најниско ниво на доверба со 58% (комбинирани одговори од „во најголем дел не верувам“ и „немам доверба“); но сепак се бележи подобрување од 2013 година, кога довербата во судовите беше уште пониска (63% од испитаниците одговориле дека во најголем дел не веруваат или немаат доверба во судството). Собранието е институцијата која покажа најзначителен напредок во нивото на доверба помеѓу граѓаните. Ако во 2013 година, 61,9% од граѓаните не веруваа или немаа доверба во Собранието, во 2014 година само 47% од нив припаѓаат во оваа категорија.

 

2. Доверба во услугите

Во врска со јавните услуги, истражувањето на јавното мислење спроведено во процесот на подготовка на овој мониторинг извештај покажа дека армијата има највисоко ниво на доверба (67%), што повторно укажува на подобрување во довербата во Македонската армија, споредено со 2013 година, кога нивото изнесуваше 58%. Од друга страна, се забележува опаѓање на довербата во полицијата, при што во 2014 година само 49% од граѓаните имаат доверба, споредено со нивото од 53% во 2013 година.

 

3. Доверба во граѓанското општество

Довербата во граѓанското општество останува на најниско ниво, споредено со сите институции, покажува истражувањето за отворена влада во 2014 година. Резултатите покажуваат дека политичките партии се актери со најниско ниво на доверба во македонското општество, со 67% од испитаниците кои или во најголем дел не им веруваат или немаат доверба во нив; по нив следуваат медиумите со 52% недоверба. Дури и овие резултати го потврдуваат генералното подобрување на довербата на граѓаните, бидејќи резултатите во 2013 година беа уште полоши, при што политичките партии уживаа 74,6%, а медиумите 63,5% недоверба помеѓу граѓаните (комбинирани одговори во “најголем дел не им верувам“ и “немам доверба“).

Наспроти ова, граѓански организации кои уживаат најголема доверба помеѓу граѓаните се религиозните заедници, за кои граѓаните покажаа комбинирана доверба од 60% во 2014 година, додека во 2013 година Македонската православна црква имаше 39%, а Исламската религиозна заедница 29,9% доверба.

 

4.  Доверба во политичките лидери

Спротивно на резултатите кои се однесуваат на довербата на граѓаните во институциите кои отсликуваат нагорни трендови, довербата на граѓаните во политичките лидери покажува надолен тренд. Имено, само во случајот на премиерот  Никола Груевски, 42% од граѓаните одговорија дека претежно имаат доверба, споредено со 27% испитаници кои покажаа недоверба. Единствен друг случај каде што довербата и недовербата се во рамнотежа е Лилјана Поповска (23%). За сите останати политички лидери, мнозинството на граѓани покажа поголема недоверба од доверба (ве молиме погледнете ја листата подолу). Меѓутоа, мора да се земе предви и фактот дека значителниот број на испитаници немаа мислење по ова прашање споредено со другите прашања од оваа анкета.

 

Политички лидери Имаат доверба Немаат  доверба Немаат мислење
  
Никола Груевски 42% 27% 31%
Лилјана Поповска 23% 23% 54%
Стевче Јакимовски 23% 27% 50%
Андреј Жерновски 19% 34% 47%
Зоран Заев 14% 43% 43%
Али Ахмети 12% 48% 40%
Мендух Тачи 9% 50% 41%
Љупчо Зиков 7% 25% 68%

 

Во однос на анализата на трендовите на промена на довербата во политичките лидери во случај на Никола Груевски, Лилјана Поповска, Андреј Жерновски и Али Ахмети довербата на граѓаните бележи пораст, додека во случајот на Зоран Заев довербата бележи намалување, а недовербата зголемување (од 34% во 2013 на 43% во 2014 година). Трендот на зголемување на недовербата е забележан кај сите политички лидери помеѓу двата круга анкетата за отворена влада, но најголемата промена е забележана особено во индикаторите за недоверба кај лидерите Мендух Тачи, Али Ахмети и Зоран Заев.  

 

Политички лидери Имаат доверба Немаат  доверба Немаат мислење
Февруари
2014
Април
2013
Февруари
2014
Април
2013
Февруари
2014
Април
2013
Никола Груевски 42% 38% 27% 18% 31% 44%
Лилјана Поповска 23% 22% 23% 19% 54% 59%
Стевче Јакимовски 23% n/a 27% n/a 50% n/a
Андреј Жерновски 19% 16% 34% 29% 47% 55%
Зоран Заев 14% 15% 43% 34% 43% 51%
Али Ахмети 12% 10% 48% 35% 40% 55%
Мендух Тачи 9% 7% 50% 34% 41% 59%
Љупчо Зиков 7% n/a 25% n/a 68% n/a

 

Содржината на извештајот е единствена одговорност на ЦИКП и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија

Извештајот во ПДФ формат

ОТВОРЕНА ВЛАДА Мониторинг Извештај

 

 

Партнери на проектот:

 

More To Explore