Истражување на ЦИКП Скопје: отворена влада е ранлива влада?

Share This Post

Центарот за истражување и креирање политики од Скопје во рамките на проектот Застапување за отворена влада: право да занеш во Југоисточна Европа спроведе истражување на репрезентативе примерок од 1100 испитаници за да ги спознае перцепциите на граѓаните за транспарентноста, партиципативноста, отчетноста на власта (централна и локална) во Република Македонија.

Истражувањето покажа дека само 36% од граѓаните сметаат дека отвореноста на Владата е пожелна и корисна, но најголем број од испитаниците (39%) сметат дека транспарентноста на Владата претставува потенцијален фактор за нејзина ранливост, оттука секој обид или случај на протекување на класифицирани информации во јавноста граѓаните сметаат дека треба да биде подлежен на казна согласно законот (47.1%).

Сепак кога станува збор за приходот и личниот имот на пратениците мнозинството граѓани (55.6%) бараат потполна отвореност на Владата, како и за проектите финансирани од државниот буџет (70%). Од друга страна пак, испитаниците бараат дискреција од  Владата кога станува збор за прашања од типот на етничка и религиозна припадност на вработените во јавниот сектор (31%) за разлика од 27% од нив кои сметаат дека Владата треба да биде целосно отчетна и за овие прашања.

Институционалните механизми за отворена влада утврдени со Законот за слободен пристап фо информациите од јавен карактер се многу малку користени. Резултатите од истражувањето покажуваат дека дури 80% од испитаниците никогаш не поднеле барање за добивање на информација од јавен карактер. Оние кои доставиле барање за слободен пристап до информации (20% од вкупниот број на испитаници) сведочат дека механизмот добро функционира со оглед на фактот што одоговорот го добиле во законски предвидениот рок од 30 дена, а во мал дел од случаите и со мало задоцнување.

Степенот на учество на граѓаните во процесите на одлучување е важен показател за отвореноста на Владата. Во Македонија истражувањето за отворена влада покажа дека иако постојат бројни алатки за учество на граѓаните во процесот на донесување на одлуки, сепак граѓаните ретко ги користат и не веруваат дека истите имаат влијание на одлуките кои се донесуваат. Теренската анкета спроведена на репрезентативен примерок покажа дека граѓаните освен што сметаат дека немаат доволно стручност да ја оценат работата на Владата, истовремено се и убедени дека нивните напори за учевство во процесите на одлучување се залудни заради нивното неприфаќање од страна на власта.

Имено, 45,8% од испитанците одговорија дека локалните јавни дебати имаат формален карактер и резултатите од истите не влијаат врз работата на општинските власти. Влијанието на одлуките преку други форми на учество исто така беше оценето неповолно. На пример лобирањето во општеството за 36% од анкетираните е штетно, додека 43,3% од анкетираните се уверени дека блоговите и коментарите на интернет не го одразуваат јавното мнение.

Дополнително обесхрабрувачки делува податокот дека 40,1% од испитаниците сметаат дека граѓаните немаат доволна стручност да проценат дали одлуките на Владата се добри или не, а за 47,2 % од соговорниците пратениците во Собранието се посоодветни да учествуваат во процесот на креирање на јавните политики од граѓаните.

Последните податоци објаснуваат зошто вклученоста на граѓаните во процесот на одлучување е на ниско ниво.

 

За дополнителни информации контакт лице:

Др. Марија Ристеска

risteska@crpm.org.mk

Cell: 070533992

 

PROJECT PARTNERS



 

 

Advocacy for Open Government: civil society agenda-setting and monitoring of country action plans, Press release 3

More To Explore