Истражување на ЦИКП Скопје: бизнисот и политиката најмногу влијаат на работата на владата

Share This Post

Центарот за истражување и креирање политики од Скопје во рамките на проектот Застапување за отворена влада: право да знаеш во Југоисточна Европа спроведе истражување на репрезентативен примерок од 1100 испитаници за да ги спознае перцепциите на граѓаните за транспарентноста, партиципативноста, отчетноста на власта (централна и локална) во Република Македонија.

Истражувањето покажа дека 73,1% од вкупниот број испитанци никогаш не учествувале на демонстрации и/или протести, индикатор кој покажува за мошне низок степен на граѓански активизам и користење на директната демократија како инструмент за држење на Владата одговорна за своите постапки во земјава.

Истовремено, граѓаните не веруваат ниту во институционалните механизми за влијание и контрола над Владата. Испитаниците беа прашани за неколку механизми и колку тие можат да влијаат врз владините одлуки. Прашањата се однесуваа на:

(1) парламентарните комисии,

(2) пратениците,

(3) опозициските партии,

(4) Државниот завод за ревизија,

(5) Народниот правобранител,

(6) приватните ТВ станици и печатот,

(7) синдикатите,

(8) месните заедници,

(9) граѓанските групи и невладините организации,

(10) Црквата,

(11) големите меѓународни компании и

(12) домашните бизнисмени и банкари.

Граѓаните сметаат дека бизнисот и политиката најмногу влијаат на Владата. Имено, највлијателни според перцепцијата на граѓаните се меѓународните компании (72,4%), а по нив следат пратениците (68,2%), домашните бизнисмени и банкари (62,3%), парламентарните комисии (56,5%). 

Институционалните механизми за контрола и надзор имаат помала доверба дека влијаат на работата на Владата. Имено само 47,8% од граѓаните сметаат дека народниот правобранител има влијание, додека само 23,1% од граѓаните веруваат дека Државниот завод за ревизија има моќ да влијае на работата на Владата, а 20% дека има некаква моќ да влијае. Довербата во ДЗР како котролен орган е помала и од довербата во моќта на Црквата (46,4%), на опозицијата да ја контролира работата на владата (46,3), и на приватните ТВ станици и печатот (45%), а најмала е довербата во синдикатите (36,4%) инивната моќ да влијаат врз власта.

Флуктацијата на одбивање на одговори за оваа тема варираше од 13-30%

 

За дополнителни информации контакт лице: 

Др. Марија Ристеска

risteska@crpm.org.mk 

Cell: 070533992

 

PROJECT PARTNERS



 

 

 

Advocacy for Open Government: civil society agenda-setting and monitoring of country action plans, Press release 3

More To Explore