#5 јавна дебата на тема “Право на живот, право на еднаквост”

0
63

Денеска во Општина Теарце ја одржавме петтата јавна дебата на тема “Право на живот, право на еднаквост”, на која дискутиравме за квалитетот на животот на лицата со различни форми на попречености.


Дебатата беше организирана во соработка со нашите подгрантисти Егнатиа од општина Теарце. На дебатата учество зема и градоначалникот г-дин Нухи Незири, кој со ребалансот на буџетот за 2022, на иницијатива на нашите подгрантисти, обезбеди финансиска поддршка за семејствата на лицата со попреченост.


Претставниците од локалниот образовен сектор заедно со родителите на децата со попреченост од општина Теарце побараа системско решавање на проблемот со недостаток на дефектолози во училиштата, како и поедноставување на постапката за добивање право на личен асистент, која поради должината ги обесхрабрува родителите.


Јавните дебати се организираат во рамки на проектот “Низ Женски Леќи” кој е финансиски поддржан од Европската Унија. Ставовите и гледиштата искажани на дебатите се единствена одговорност на имплементаторите на проектот и во ниеден поглед не ги искажуваат ставовите на Европската Унија.