Членови на ЦИКП присуствуваа на првата трибина за превенција од семејно насилство организирана од Општина Ѓорче Петров и Националниот совет за родова рамноправност.
Целта на трибината е промоција и унапредување на родовата еднаквост и различноста на локално ниво, како и подобрување на условите и пристапот до сервисите на ранливите групи, посебно на жените жртви.
Дадовме придонес во дискусијата преку споделување на досегашните искуства од проектот „Градење на здрави животни навики на момчињата во Гостивар и Ѓорче Петров“ кој го спроведуваме во тесна соработка со Општина Ѓорче Петров, а преку кој работиме на превенција на насилно однесување и насилно опкружување на младите момчиња во овие општини.
Проектот е развиен во соработка со CARE International Balkans и поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.