Јавна дебата на тема „Родова анализа на Програмата за еднакви можности на жените и мажите и Програмата за локален економски развој на општина Радовиш – предизвици и можности“

Share This Post

Вчера нашите подгрантисти Женска акција – Радовиш и нашите проектни партнерки РАЖМ „Лулуди“ во просториите на Општина Радовиш одржаа јавна дебата на тема: „Родова анализа на Програмата за еднакви можности на жените и мажите и Програмата за локален економски развој на општина Радовиш – предизвици и можности.“

Наодите од истражувањето спроведено од нашите подгрантисти покажуваат дека:

  • Општина Радовиш има донесено Програма за еднакви можности на жените и мажите за 2022 година со вкупен буџет од 100.000 мкд.
  • Иако е предвидена една единствена мерка во Програмата за еднакви можности „Прибирање на родово разделени статитички податоци“, не постои пракса за собирање на родово разделени податоци.
  • Општина Радовиш во периодот мај 2022 до декември 2022 остана без Координаторка за еднакви можности и Општината нема именувано ново лице на позицијата координатор за еднакви можности до декември 2022 година.
  • Вкупниот буџет на Програмата за ЛЕР изнесува 6.292.440 (0,011%) во однос на вкупниот буџет и истиот во однос на 2021 година е намален за 50% .
  • Во оваа програма имаме унапредување на родовата еднаквост преку отварање на Центар за поддршка на жени жртви на насилство за кој општина Радовиш има издвоено 1.000.000 мкд преку проектот „Достапни и ефикасни дигитални и социјални услуги на општините Радовиш и Конче“.
  • Во програмата за ЛЕР нема мерки за развој на женското претприемништво. Има мал број на жени носителки на мали бизниси кои се соочуваат со големи предизвици.
  • Во општина Радовиш има мал број на граѓански организации кои работат во областа на унапредување на родовата рамноправност, човековите и економските права.

Јавните дебати се организираат во рамки на проектот “Низ Женски Леќи” кој е финансиски поддржан од Европската Унија. Ставовите и гледиштата искажани на дебатите се единствена одговорност на имплементаторите на проектот и во ниеден поглед не ги искажуваат ставовите на Европската Унија.

More To Explore