Буџетот предвиден за Комисијата за спречување и заштита од дискриминација изнесува 15.320.000,00 денари, расчленет во неколку ставки. Особено загрижува тоа што овој буџет не предвиде средства за спроведување на активности од страна на КСЗД во насока на промовирање на принципот на еднаквост и ефективно спречување и заштита од дискриминација. Малиот буџет кој не соодветствува на потребите и надлежностите на Комисијата, најмногу се одразува на ранливите групи граѓани кои се најподложни на дискриминација. Ним значително им се ограничува пристапот до ефективен заштитен механизам, а воедно и се зајакнува и одржува системската дискриминација во нашето општество.

Преземете публикација