Истражување на перцепциите за животот на младите момчиња и нивните односи со заедницата

Share This Post

Од 13ти до 16ти декември спроведовме „Истражување на перцепциите за животот на младите момчиња и нивните односи со заедницата“.
Преку фокус групи со млади момчиња од Скопје и Гостивар дискутиравме и ги слушнавме нивните мислења на најразлични теми, како што се димензиите на машкоста и перцепциите за насилството и како тоа може да се превенира.


Активноста се реализира во рамки на проектот „Градење на здрави животни навики на момчињата во Гостивар и Ѓорче Петров“ со поддршка на CARE International Balkans, а финансиран од Амбасадата на Кралството Норвешка и во соработка со нашите локални партнери Младите Можат – Youth Can и Организирана асоцијација на младите/Organized Youth Association.
Целта на овој проект е да обезбеди поддршка на младите да развијат здрави животни стилови и да го зголемат учеството на младите во животот во заедницата.

More To Explore