Работен состанок со Националниот Координатор за СНЕ/БПТ

Share This Post

Вчера, 07.11.2022, тимот на ЦИКП одговорен за спроведување на СМАРТ Балкан проектот – Александар Цеков, проектен менаџер и Марија Ристеска, извршна директорка на ЦИКП, имаа работен состанок со Националниот Координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам г-н Златко Апостолски во нивните канцеларии при Владата на РСМ.

На состанокот дискутиравме за моменталната ситуација и предизвиците поврзани со насилниот екстремизам и радикализација и како овие предизвици да се надминат во активностите кои ќе бидат дел од новата Национална Стратегија за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам која што е во процес на финализација и усвојување од страна на Владата. И двете страни се согласија дека граѓанските организации треба да имаа проактивна улога во спречување на насилен екстремизам, особено во делот на имплементација на превентивните активности кои ќе бидат дел од новата стратегија. Задоволни сме од фактот дека граѓанските организации се препознаени како значаен партнер во исполнување на овие цели.

Во таа насока, ЦИКП во рамки на СМАРТ Балкан е посветен на зајакнување на капацитетите на граѓанските организации кои што работат на полето на спречување на радикализација и радикализација која води кон насилен екстремизам во рамки на главната цел на проектот за градење на подинамични и одржливи граѓански организации во земјата

More To Explore