Буџетски иницијативи во општина Вевчани

Share This Post

Буџетски иницијативи/активности кои беа приоритизирани од граѓаните, а општина Вевчани ги вклучи во годишните програми и буџет за 2022 година.
Во месец мај 2021 во Општина Вевчани спроведовме форум во заедницата на кои учествуваа 52 жени и 18 мажи во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“.
Целта на форумите беше вклучување на граѓаните, особено жените и маргинализираните заедници, преку идентификување на локалните проблеми и решенија во креирањето на годишните програми и буџетот на општина Вевчани 2022 година.
Запознајте ги нашите подгрантисти од Локална Агенција за Развој Local Development Agency LDA-Struga кои во рамки на проектот „Низ женски леќи“ финансиран од Европската Унија ќе го спроведат проектот „Родова анализа на програмите за социјална политика и еднакви можности во општина Вевчани“. Минатата недела, остваривме средба со координаторката за еднакви можности и проектна координаторка во општина Вевчани.

Целта на анализата на програмите и буџетите на ЕЛС од родова перспектива е да се истражи степенот до кој избрани локални програми и буџети ги земаат предвид родовите прашања односно потребите на жените и мажите.
Преку активно следење на работата на општинската администрација и членовите на Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Вевчани, подгрантистите ќе изработат мониторинг извештај користејќи алатки за родово одговорно буџетирање.

More To Explore