Во периодот од 1996 година-кога за прв пат се одржале локални избори, па се до 2021-кога по седми пат се одржаа локалните избори, биле избрани вкупно 660 градоначалници. Од нив само 18 жени градоначалнички и 642 мажи градоначалници.
На овогодинешните локални избори Македонија доби само две жени градоначалнички во општините Старо Нагоричане и Град Скопје, што е само 2,5% од вкупниот број на градоначалници и 4 градоначалнички помалку во однос на претходните локални избори.
Родовата анализа на локалните избори е спроведена во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“.