Водич за вработени во врска со европски работнички совет

Share This Post

Брошурата под наслов „Водич за вработени (во врска со европски работнички совет)“ е изготвена во рамките на проектот „Подобрување на квалитетот и нивото на застапеност на вработените преку нивно прилагодување, вклучување и ефикасно користење на инструментот ЕРС од засегнатите страни во индустриските односи“, поддржан од Европската Унија.

Водичот е достапен на македонски јазик

Станува збор за исклучително корисен документ за вработените во домашните и мултинационални претпријатија. Авторката м-р Маре Анчева развива соодветен пристап за нивно информирање со цел остварување на правото за информирање и консултирање,акцентирајќи го значењето на работничките совети, со посебен осврт на европскиот работнички совет. Вработените се воведуваат во основните чекори од процесот за формирање (европски) работнички совет и на кој начин можат формално да побараат негово основање во своето претпријатие. За да се изборат за своите права, работниците мора да го направат првиот чекор, а тоа е да се организираат во синдикат, а потоа и во работнички совет.

More To Explore