#2 јавна дебата на тема “Превенција на родово базирано насилство преку родово одговорно буџетирање”

0
80

Денеска во Општина Кривогаштани / Municipality of Krivogashtani заедно со проектните партнери Journalists for human rights – JHR и нашите подгрантисти ЛАГ Агро Лидер ја одржавме втората јавна дебата на тема “Превенција на родово базирано насилство преку родово одговорно буџетирање.”


Дополнително, нашата Љупка Трајановска одржа работилница со деветто одделенците од основното училиште “Манчу Матак” во Кривогаштани на тема “Родово базирано и врсничко насилство во училиште”.

Активностите се одвиваат во рамки на проектот “Низ женски леќи” и кампањата 16 дена активизам против РБН. Проектот е финансиран од 🇪🇺Европската Унија, ставовите и гледиштата споделени на дебатата и работилницата се единствена одговорност на имплементаторите и во ниеден поглед не ги претставуваат гледиштата на Европската Унија.