Јавна расправа за измените на Кривичниот законик и хармонизацијата со Истанбулската Конвенција

Share This Post

Се одржа првата јавната расправа по повод предлог измените во Кривичниот законик и неговата хармонизација со Истанбулската Конвенција пред Комисијата за еднакви можности на жените и мажите.

  • Заедно со колегите од граѓанскиот сектор, дел од организациите-членки на Платформата за родова еднаквост, ја истакнавме потребата од инкриминирање на психолошкото насилство како засебно кривично дело како и гонењето по службена должност кога станува збор за телесна повреда врз жена.
  • Дополнително предложивме регулирање на сексуалната изнуда како форма на корупција, но и родово базирано насилство насочено кон жените.
  • Пред пратеничките и пратениците побаравме поширока и транспарентна јавна расправа како и навремено изгласување на измените на Кривичниот законик.

Центарот за истражување и креирање политики во соработка со Национална Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство и поддршка од канцеларијата на UN Women Skopje во изминативе 2 години активно работеше на хармонизацијата на националната легислатива со Истанбулската Конвенција и повикуваме на ефикасно и навремено изгласување на измените на Кривичниот законик.

Погледнете го обраќањето на извршната директорка на ЦИКП д-р Марија Ристеска, која беше дел од работната група која што работеше на измените на Кривичниот законик на следниот линк.

More To Explore