Јавна дебата на тема „Предзвиците на малите формални и неформални бизниси во општина Чаир од родова перспектива“.

Share This Post

Вчера во соработка со нашите подгрантисти Здружение за напредок, поддршка и одржлив развој на жени ЕПЛ ТРИ во општина Чаир одржавме јавна дебата на тема „Предзвиците на малите формални и неформални бизниси во општина Чаир од родова перспектива“.
На дебатата се обратија градоначалникот на општина Чаир г-дин Висар Ганиу, Претседателката на Комисијата за еднакви можности и членка на Советот г-ѓа Севим Хоџа и Координаторката за еднакви можности г-ѓа Авуше Маца кои дадоа поддршка и истакнаа дека ќе продолжат да работат на зајакнување на родовата еднаквост во општината Чаир.

На јавната дебата учествуваа жени сопственички на мали формални и неформални бизниси од општина Чаир кои ги искажаа своите предизвиците, а претставниците од локалната самоуправа, со поддршка од нашите подгрантисти и локалниот граѓански сектор, во наредниот период се заложија да обезбедат:
Евидентирање на малите формални и неформални бизниси водени од жени на територија на општина Чаир.

  • Изработка на Програма и мерки за субвенционирање на жените кои сакаат да ги формализираат сопствените бизниси и одржливост на постоечките.
  • Основање на Совет на женско претприемништво во Чаир каде ќе се споделуваат искуствата и разрешуваат предизвиците.
  • Производите кои што ги изработуваат жените ќе се пласираат и промовираат на Саем за рачни изработки во општина Чаир.
  • Со новиот Закон за работни односи соодветно да се регулира самовработувањето и сезонската работа, според потребите на жените и мажите.

More To Explore