Јавна дебата на тема “Вклученоста на жените и девојчињата во образовните и културни програми на општина Липково”

Share This Post

Денес во општина Липково заедно со нашите подгрантистки Мрежа на жени во наука одржавме дебата на тема “Вклученоста на жените и девојчињата во образовните и културни програми на општина Липково”. На дебатата учествуваа преставници од локалните културни и образовни институции, претставници од општина Липково и претставници од граѓанските организации, а истата беше проследена и од локалните медиуми.

  • Подгрантистките ги споделија резултатите од спроведеното теренско истражување со кое утврдија родови нееднаквости во образовните и културните активности и институции на општината.
  • Иако жените се речиси секаде подеднакво застапени помеѓу образовниот кадар во училиштата во општина Липково, сепак нема ниту една жена директорка на училиште.
  • Жените се најмногу застапени како посетителки на културните настани, но најмалку одлучуваат во донесувањето на Програмата за култура.
  • Најголем дел од граѓаните вклучени во истражувањето не се запознаени со начините на кои би можеле да се вклучат во донесувањето одлуки на локално ниво, но би сакале да учествуваат.
  • Напредокот на жените во позициите во локалните институции е се уште отежнат како резултат на предрасуди, родови норми и стереотипи.

Како решение на овие проблеми нашите подгрантистки ги дадоа следниве препораки:

  • Родова сензибилизација преку организирање на обуки за вработените во општинската администрација, Советот на општината и раководните лица.
  • Покревање на свеста помеѓу населението, поттикнување на женска солидарнсот и соработка и активно вклучување на мажите во бораба за родова еднаквост.
  • Организирање на редовни среди, форуми, консултации, дебати со граѓаните на општина Липково, вклучувајќи ги и жените, за партиципативно креирање на локалните политики.

Јавните дебати се организираат во рамки на проектот “Низ Женски Леќи” кој е финансиски поддржан од Европската Унија. Ставовите и гледиштата искажани на дебатите се единствена одговорност на имплементаторите на проектот и во ниеден поглед не ги искажуваат ставовите на Европската Унија.

More To Explore