Денес во општина Липково заедно со нашите подгрантистки Мрежа на жени во наука одржавме дебата на тема “Вклученоста на жените и девојчињата во образовните и културни програми на општина Липково”. На дебатата учествуваа преставници од локалните културни и образовни институции, претставници од општина Липково и претставници од граѓанските организации, а истата беше проследена и од локалните медиуми.
- Подгрантистките ги споделија резултатите од спроведеното теренско истражување со кое утврдија родови нееднаквости во образовните и културните активности и институции на општината.
- Иако жените се речиси секаде подеднакво застапени помеѓу образовниот кадар во училиштата во општина Липково, сепак нема ниту една жена директорка на училиште.
- Жените се најмногу застапени како посетителки на културните настани, но најмалку одлучуваат во донесувањето на Програмата за култура.
- Најголем дел од граѓаните вклучени во истражувањето не се запознаени со начините на кои би можеле да се вклучат во донесувањето одлуки на локално ниво, но би сакале да учествуваат.
- Напредокот на жените во позициите во локалните институции е се уште отежнат како резултат на предрасуди, родови норми и стереотипи.
Како решение на овие проблеми нашите подгрантистки ги дадоа следниве препораки:
- Родова сензибилизација преку организирање на обуки за вработените во општинската администрација, Советот на општината и раководните лица.
- Покревање на свеста помеѓу населението, поттикнување на женска солидарнсот и соработка и активно вклучување на мажите во бораба за родова еднаквост.
- Организирање на редовни среди, форуми, консултации, дебати со граѓаните на општина Липково, вклучувајќи ги и жените, за партиципативно креирање на локалните политики.
Јавните дебати се организираат во рамки на проектот “Низ Женски Леќи” кој е финансиски поддржан од Европската Унија. Ставовите и гледиштата искажани на дебатите се единствена одговорност на имплементаторите на проектот и во ниеден поглед не ги искажуваат ставовите на Европската Унија.