Краток опис на проектот: „Градење на здрави животни навики на младите луѓе“, фаза II
Проектот „Градење на здрави животни навики на младите луѓе“ финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија, спроведуван од Центарот за истражување и креирање политики објавува повик за горенаведениот договор за ангажирање на правни лица.
Цел на проектот
Целта на проектот е позитивно трансформирање на однесувањето кај младите со цел градење толерантни општества и превенција на врсничкото и родово базираното насилство. Кон оваа иницијатива се вклучени локалната власт и локалните граѓански организации кои ќе ги мобилизираат младите на возраст од 14-19 години за утврдување на приоритети и вклучување во креирање локални политики за млади луѓе низ едукативни работилници и кампањи во заедницата.
Опсег на работата:
1) Ангажирање на агенција која обезбедување услуги за техникча подготовка и печатење на Прирачник Y.
2) Тесна соработка со проектниот тим во текот на уредувањето и печатењето на документот за преглед и повратни информации.
3) Ревидирање и финализирање на документот врз основа на добиените повратни информации.
Работни задачи:
- Техничка подготовка на текстот во Прирачникот Y на веќе подготвен дизајн (274 стр.)
- Печатење на Прирачник Y во 100 примерока
Формат А4, дебелина на корица 300 г. кунздрук; хартија за внатрешни страници: 80 г. кунздрук мат
Квалификации
За горенаведениот ангажман потребни се следните квалификации на агенцијата:
- Докажано искуство со обработка на текстови
- Докажано искуство во печатење на материјали
Доверливост
Сите информации содржани во прирачниците се сметаат за доверливи, а од агенцијата се очекува да одржува строга доверливост во текот на целиот процес на ангажманот.
Плаќања
Плаќањата ќе се вршат по приемот и одобрувањето на крајниот документ за извршените работни задачи вклучувајќи: техничка обработка на текстот во Прирачникот Y, печатење на Прирачник Y во 100 примерока
Временска рамка
Целокупното уредување и печатење на Прирачникот Y се очекува да биде завршено до 18/03/2024 година
Понуди
- Понудата треба да вклучува портфолио на претходната работа,
- Финансиска понуда треба да биде во МКД – Цената треба да вклучи понуда за техничка обработка и понуда на цена за печатење по примерок на Прирачник Y
- Понудата треба да биде изразена без ДДВ бидејќи проектот е ослободен од ДДВ
Понудите да се достават на електронска адреса: zmijanac@crpm.org.mk
Краен рок за доставување на понудите: 7-ми март 2024 година, 17:00 ч.