ЦИКП бара проектен асистент/ка

Share This Post

Центарот за истражување и креирање политики во рамки на проектот „Мрежа за родово одговорно буџетирање во Западен Балкан и Република Молдавија“ објавува повик за ангажирање проектен асистент/ка.

Заинтересираните кандидат(к)и треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Универзитетска диплома, магистер на науки во областа на родови студии, социјална работа, психологија, јавна политика, политички науки, економија, бизнис или менаџмент;
  • Најмалку 3 години искуство во работа на проекти,
  • Солидно познавање на сите аспекти при планирање и спроведување на проектен циклус;
  • Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office, познавање на СПСС или СТАТА ќе се смета за предност;
  • Познавање и родово одговорно буџетирање и јавни политики како дисциплина.

Испратете биографија на crpm@crpm.org.mk со наслов “Пријава за проектен менаџер” најдоцна до 04/11/2020.

More To Explore