Во рамки на втората фаза од проектот Зајакнување на транспарентноста и отчетноста за родовата еднаквост на Западен Балкан и Молдавија, финансиран од Austrian Development Agency и Sida – Styrelsen för Internationellt Utvecklingssamarbete, Билјана Матевска и Златко Симоновски од ЦИКП ги одржаа првите формални состаноци со дел од пратениците/чките и невладиниот сектор.
На состаноците беше споделена информација во однос на главните цели и активности на проектот, како и клучната улога на мапираните чинители во исполнувањата на заложбите на државата за постигнување на родовата еднаквост и климатските цели.
Воедно, на состаноците со пратеничките/ците Гордана Силјановска Давкова, Лолита Ристова и Драган Пулевски, дискутиравме за нивната клучна улога во доследно спроведување на новите одредби од Законот за буџетот, особено во делот на одредбите кои се однесуваат на РОБ.
На состанокот со претседателката на невладината организација Центар за климатски промени/Center for Climate Change, Бојана Станојевска Пецурова, која е и основач на Платформа 27, ги поставивме темелите за идната соработка, особено во надгледувањето на локалните политики поврзани со климатски промени и мерењето на кредибилноста на истите.